Пропусти во работата причина за пожарот во велешката „Маслодајна“
Причина за пожарот во велешката фабрија „Благој Ѓорев“ е нефункционалноста на сондата која требало да ја мери температурата во силосот на велешка Маслодајна, соопшти денеска Општинскиот инспекторат за животна средина. Инспекторатот побара од раководството под итно да преземе мерки за заштита за околните згради. Оттаму велат дека се очекува за ден-два да згасне пожарот, што избувна во петокот попладне во Фабриката за масло „Благој Ѓорев“ во Велес во силос полн со 400 тони пелети сончогледови лушпи.
Дел од пелетите навреме биле извлечени, а остатокот од 100 тони пелети вработените петти ден сеуште многу напорно рачно и со колички ги извлекуваат и го оставаат на бетон да се изладат.