Катругалос: Владата сака да ги стави Северна Македонија и Албанија во пакет за ЕУ
Поранешниот шеф на грчката дипломатија, а сега надлежен за надворешна политика во опозициската СИРИЗА, Јоргос Катругалос, вели дека се чини оти Владата на Грција сака да ги стави во пакет случаите на Северна Македонија и Албанија, во однос на европската перспектива.
„Но, во Албанија имаме други теми, имаме потреба од заштита на нашето малцинство, како може сите овие работи да се стават во пакет? Сакаме поголема сериозност, а не хипокризија и „двојазичност“ во нашата надворешна политика, вели Катругалос и додава дека не можно грчката новинска агенција во текстот на англиски јазик „да ја наведува соседната земја како Северна Македонија, а на грчки да остане неименувана“, вели Катругалос во интервју за радиото на АНА-МПА, „Практорио фм“.