Соработката со ИФИМЕС потврдена по две години, досега чини 26 илјади евра
Словенечкиот институт ИФИМЕС од почетокот на мандатот на премиерот Зоран Заев се наоѓал на листата на надворешни соработници иако јавноста за тоа дозна неодамна. На институтот му се исплаќаат 1000 евра месечно. Владата вели дека ИФИМЕС не бил вклучен во листата, бидејќи е организација. Вкупно надворешните соработници ја чинат Владата 23 илјади евра месечно.