Бундестагот поддржа почеток на преговори со Северна Македонија
Со големо мнозинство гласови „за“ пратениците во германскиот Бундестаг вечерва одобрија почеток на пристапни преговори на С. Македонија со ЕУ. Поддршка доби и поединечната резолуција за почеток на преговори со Албанија. Во дебатата која траеше повеќе од половина час, пратениците на владејачките ЦДУ/ЦСУ и социјалдемократите изразија поддршка за реформските напори на Скопје и го наведоа Преспанскиот договор како големо достигнување за целиот регион.
Ова значи дека на самитот на европските лидери во октомври Германија ќе дозволи Македонија да добие датум за почеток на преговори. Сепак, конечната одлука треба ја донесат сите земји-членки на Унијата.
Еврокомесарот Јоханес Хан прв го поздрави гласањето на германскиот Бундестаг и рече дека „признавањето на конкретниот напредок е клучно како поттик за реформи во Западен Балкан и за кредибилитетот на ЕУ“.