Завршија претседателските избори во Авганистан
Избирачките места во Авганистан се затворени. Претседателските избори поминаа со бројни жалби за нерегуларности и насилство од страна на талибанците.
Граѓаните се жалат дека избирачките списоци биле нецелосни или дека воопшто ги немало, дека машини за биометриска идентификација не работеле или луѓето не биле соодветно облечени за нивно користење. Асошиејтед прес наведува дека ако има премногу нерегуларности, тоа би можело да ја турне земјата во хаос. Прелиминарните резултати од изборите се очекуваат на 17 октомври, а конечните на 17 ноември.
Ако ниеден кандидат не освои повеќе од половина од гласовите, двајцата кандидати со најмногу освоени гласови одат во вториот круг.
На изборите учествуваат 15 кандидати, но главната битка се води меѓу актуелниот претседател Ашраф Гани и главниот извршен претставник Абдула Абдула.