Експлозија во Авганистан, убиени 10 цивили
Ниту една група не ја презеда одговорноста за нападот. И милитантната група Исламска држава и Талибанците се активни во Нангархар. Според мисијата на Обединетите нации за помош во Авганистан (УНАМА) годинава се убиени 1.366 цивили, а 2.446 други се повредени оваа година до 30 јуни.
Група за правата на децата соопшти дека секое дете родено и израснето во Авганистан во изминатите 18 години доживеало и е погодени од војна и конфликт.