Путин до Вучиќ: Следам се што работите
Според соопштението од српскиот Претседателски кабинет, Путин во разговорот му порачал на Вучиќ дека „следи се што работи и дека добро ја разбира сложената ситуација во која се наоѓа Србија, како и дека е подготвен да помогне“.
Вучиќ му се заблагодарил на претседателот Путин за развојот на српско-руските односи и изразил благодарност за зборовите на поддршката за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Србија, што му ги пренел министерот Сергеј Лавров, на неодамнешната средба во Њујорк.
Вучиќ на својот Инстаграм профил објави дека му го честитал 67. роденден на Путин и дека се договориле наскоро да се сретнат во Кремљ.