Анѓушев - Хавличек: Разговараме за чешки инвестиции во Северна Македонија
Хавличек изрази задоволство од одржаниот состанок и добиените информации за инвестициските можности во Северна Македонија, особено за условите за инвестирање во технолошко-индустриските развојни зони, соопштија од македонската Влада.
„Дефинитивно би сакале да ги дискутираме условите за инвестирање во ТИРЗ во Северна Македонија со сите претставници на чешките претприемачи, Стопанската комора и Конфедерацијата на индустрии, затоа што верувам дека многу чешки компании ќе бидат заинтересирани за производни активности во зоните“, рече Хавличек по средбата.
Вицепремиерот Анѓушев со владин тим е во Брно, Чешка, на најголемиот Инженерски саем во Централна Европа.