Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Верушевски: Господ знае што се имаат главните виновници Груевски, Грујовски и Бошковски

Зоран Верушевски, поранешниот шеф на УБК, на денешното вкрстеното испрашување за случајот „Таргет - Тврдина“ наведе дека избеганите. екс-премиерот Никола Груевски, и поранешните разузнавачи Горан Грујовски и Никола Бошковски, поседуваат многу пообемна документација од онаа што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја предаде во Специјалното јавно обвинителство.



„Оваа документација што ја поседува СЈО е минорна во однос на тоа што го поседуваат овие три лица. Само еден Господ знае што се друго поседуваат. Поседуваат и друга документација која не е предмет на ова обвинение“, рече Верушевски.



Тој индиректно го обвини СЈО што Груевски, Грујовски и Бошковски не се присутни во државата, како и на ова судење, потенцирајќи дека, според него, „тие тројца се главни „виновници“.



„Базичната документација, нејзиниот обем, нејзината целосна структура се наоѓа во рацете на луѓето кои се во Грција и во Унгарија“, рече Верушевски и нагласи дека „мандатот на СЈО од тоа време до денес е со цел да се урне митот дека таа документација е сечена и лепена“.


Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Биле прислушувани над 20 илјади граѓани.


Претходно, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков се откажа од испрашување на Верушевски.


На рочиштето на 23 септември, Верушевски ја негираше неговата вклученост во преземањето на бомбите од разузнавачите од УБК, Ѓорѓи Лазаревски и Ѕвонко Костовски, и тврдеше дека не нему, туку бомбите тие ги давале во СДСМ, а тој само ги обработувал. Премиерот Зоран Заев, кој како советник за безбедност во кабинетот го има Верушевски, набрзо по ова, изјави дека Верушевски на следното рочиште за „Таргет-Тврдина“ ќе го појасни исказот.


Премиерот Зоран Заев ќе сведочи во случајот на следното испрашување закажано за 24 октомври.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *