Доделена Нобеловата награда за литература за 2019 и 2018 година
Хандке ја освои наградата за 2019 година за влијателно дело кое со јазична генијалност ја истражуваше периферијата и специфичноста на човечкото искуство, се вели во соопштението на Академијата.
Доделувањето на наградата за 2018 година лани беше одложено поради сексуалниот скандал кој ја потресе Академијата.
Наградата за 2018 година Токарчук ја доби за наративна имагинација која, со енциклопедиска страст, претставува преминување на границите како форма на живот, соопшти Академијата.