Најмалку 19 загинати по тајфунот во Јапонија
Хеликоптери, чамци и илјадници војници беа распределени во цела Јапонија со цел спасување на заробените луѓе во поплавените домови. Бројот на евидентирани жртви од силниот тајфун и поројните дождови засега изнесува 19, а над десетина луѓе се водат за исчезнати. Државната телевизија во Јапонија соопшти дека вкупно 14 реки се поплавени, на некои се излеваат на повеќе од едно место. Изутринава нивото на предупредување е намалено затоа што тајфунот сега е на ниво на тропска бура.