Турција напредува кон сириското упориште на Курдите
Турските воени трупи се приближуваат кон курдскиот клучен град во североисточниот дел на Сирија, каде што започнаа и судирите со курдските борци кои дозволија стотици приврзаници на Исламската држава да побегнат од кампот. Американски воен претставник за новинската агенција Асошиетет прес изјави дека ситуацијата во тој дел од Сирија „ брзо се влошува“ и дека американските воени сили биле отсечени од сириските Курди кои претходно беа нивни сојузници. Воениот претставник кој како што јавува новинската агенција не бил овластен за откривање на детали на медиуми, истакнал дека американските војници на терен се во ризик да бидат „изолирани“ и дека не можат да патуваат по копнен пат а при тоа да не се соочат со висок ризик од судар со воените сили поддржани од Турција.
Кампот во Еин Еиса се наоѓа на 35 километри јужно од границата и во него биле сместени околу 12 илјади луѓе од кои околу илјада беа жени и вдовици на борците од ИСИС и нивните деца. Курдскатаадминистрација денеска соопшти дека 950 приврзаници на ИСИС побегнале откако ги нападнале курдските чувари.
Во меѓувреме Франција изрази загриженост поради бегството на приврзаниците на ИСИС.