Путин во Саудиска Арабија за постигнување договори за нафта
Се очекува неговата посета да резултира со привлекување на инвестиции. Москва не успеа да ја исполни целта за раст на БДП-то од 3 проценти, во услови на засилување на западните санкции.
Пред посетата, Путин во интервју за арапските медиуми рече дека ги продолжува своите добри односи со саудискиот крал и принц.
Политички аналитичари велат дека Путин може да го искористи своето влијание за да ја смири растечката тензија меѓу Техеран и Ријад, по нападот со проектили на саудиски нафтени објекти за што беше обвинет Иран.
Путин утре ќе ги посети Обединетите Арапски Емирати.