Пендаровски: Се надевам и очекувам позитивна одлука од Европа
Грчкиот весник ја пренесува изјавата на претседателот, како во однос на ЕУ и европската перспектива на земјата, така и во однос на Договорот од Преспа.
„Искрено се надевам и очекувам дека ќе има позитивна одлука од Европскиот совет за да може Северна Македонија да ги започне претпристапните разговори, за во следниот период да стане членка на ЕУ. Тоа ќе биде одлука што ја сметаме за достојна, но е и признание за сите напори што ги направи земјата во последните години, како во спроведување на внатрешните реформи, така и со решавањето на долгогодишното прашање за името со Грција, стигнувајќи до историска одлука што го отвори патот за заедничка европска иднина и на двете земји“, вели претседателот Пендаровски за грчки „Етнос“.
Шефот на државата истакнува дека двете соседни земји како членки на ЕУ, ќе ги делат европските вредности и стандардите на демократизација и транспарентност што ќе помогне во безбедноста и стабилноста на регионот.