УЈП - Фирмите на Боки 13 и блиски до него заталиле 330 илјади евра данок
Во Меѓународниот сојуз на кој претседател беше Јовановски, било откриено дека се криел приход и дека парите кои му биле исплаќани на Сојузот за градба на пензионерските домови, биле исплаќани на лични сметки. УЈП вчера на Јовановски му го доставила записникот, но тој одбил да го потпише со образложеноие дека дал неотповиклива оставка во Сојузот.
Во БМЈ Груп, во чија сопственост беше 1ТВ не искажувале приход и не пресметувале ДДВ.
Инспектори на Управата извршиле контрола и во Томато продукција која за 4.000 евра месечна закупнина му го издавала објектот на Боки 13 за телевизијата. Во Томато, пак, нашле затајување на данок при побарувањата на сопственикот на Томато од сопственичката на земјиштето која му била сопруга без да и биде доставена фактура.
Од УЈП информираат дека врши контрола во уште една фирма, која била поврзана со овие три фирми и дека ќе направи контрола на физичките даночни обврзници што работеле со овие фирми.