Минималната плата ќе изнесува 14.500 денари
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев вели дека растот на платите е предизвикан од реалната економија и од состојбите што се случуваат на терен. Сегашното ниво на минималната плата е приближно на нивното што го има минималецот во државите од регионот, вели Анѓушев.
Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, вели дека платата е постигната со социјален дијалог. Ова зголемување ќе ја намали сиромаштијата кај вработените сиромашни, рече Царовска.