Делчев останува нерешено прашање за македонско-бугарската комисија
По средбата на мешовитата комисија за историски и образовни прашања на Македонија и Бугарија што се одржа во Охрид, директорот на Институтот за национална историја, професорот Драги Ѓорѓиев изјави дека темите на разоворите биле учебниците за шести клас во Бугарија и за седмо одделение во Македонија, како и за Гоце Делчев.
"Во однос на учебниците направен е солиден чекор напред,oстанаа уште две забелешки што ќе бидат разгледувани на следната средба. По однос на Гоце Делчев не постигнеме напредок од претходната седница", изјави професорот Драги Ѓорѓиев.
На состанокот имало предлози како да се формулира текстот, со шест седум предлози околу одредени дефиниции за Гоце Делчев, но не бил усогласена ниту почетна позиција.
Kопретседателот на бугарската група во комисијата Ангел Димитров,рече дека главното несогласување во разговорите било по однос инсистирањето на македонката страна во преамбулата на текстот да биде внесена посодржинско појаснување за важноста на Гоце Делчев, како една од најважните фигури и зошто би се славел заедно.
Бугарскиот претставник изјави дека прашањето по однос Гоце Делчев бара јасен и недвосмислен одговор, односно дека одговорот на тоа прашање го дал самиот Делчев.
" Ние не тврдиме дека Делчев е Бугарин, тоа тој самиот го тврди. Ние само ги следиме фактите и ја гледаме документацијата во која не само тој туку и неговото семејство, најблиските негови соработници јасно и декларативно го декларираат неговиот идентитет", рече Димитров.
Следната средба на комисијата треба да се одржи во Бугарија, накаде кон крајот на идниот месец