Хан и Заев оптимисти дека ќе има позитивна одлука во петок
Еврокомесарот Хан денеска во Виена на прес-конференција со премиерот Зоран Заев изјави дека Северна Македонија заслужува да добие јасен сигнал дека нејзините напори се уважени и почитувани. Тој рече дека земјата и граѓаните направиле толку многу болни и тешки реформи кои мора да бидат признаени.
„Уверен сум дека европските лидери ќе ја видат пошироката слика и ќе одобрат почеток на пристапни преговори. Во спротивно, ако по сето тоа што го демонстрираше Северна Македонија во последните неколку години, каква порака ќе им упатиме на Србија и на Косово, за тие да почнат суштествен дијалог за решавање на спорот. Северна Македонија треба да добие јасна европска перспектива и тоа да биде силен сигнал за целиот регион дека тешките одлуки се наградуваат“, изјави еврокомесарот.
Премиерот Зоран Заев изјави дека датум за преговори на Северна Македонија и треба сега и веднаш, без одложување.
Разбираме, посочи премиерот, дека некои членки имаат потреба да отворат дебата за нова методологија за преговорите, но двата прецеса можат да одат паралелно.
"Тоа не пречи да добиеме одлука за преговори сега и веднаш. Ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Тоа значи за нас нов процес упорна работа. По 10-те препораки на ЕУ, оптимистичките заклучоци на Советот на ЕУ во 2018 и 2019 и сите наши резултати и реформи, по се што направивмее убедени сме дека треба да почнеме со преговрите, рече Заев
Тој дополни дека граѓаните и институциите сторија се што се бараше.
„Разочарувањето ако не добиеме датум ќе биде многу големо и кај граѓаните и кај пратениците кои ги поддржуваат процесите. ЕУ ќе го загуби кредибилитетот и довербата, а тоа ќе отвори можност, вакуумот што ќе создаде да го пополнат некои други, регересивни, трети страни“, изјави Заев.