Туск – Нема датум, но не се откажувајте
Тој рече дека Македонија и Албанија не се криви и оти направиле сè што се барало од нив и оти Преспанскиот договор е извонредно достигнување, но, иако големо мнозинство од членките сакале, „неколку земји“ не биле подготвени да дадат датум за преговори.
„Лично мислам дека тоа е грешка“, рече Туск, воздржувајќи се од понатамошни коментари.
Тој испрати порака до Македонија и до Албанија:
„Ве молам не се откажувајте. Целосно ја разбирам вашата фрустрација, зашто вие го направивте вашиот дел, а ние не. ЕУ е комплексен политички субјект и навистина понекогаш ѝ треба предолго да одлучи, но апсолутно немам сомнеж дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ“, рече Туск.