Британскиот парламент на ретка саботна седница ќе одлучува за Брегзит
Станува збор за новиот план за развод договорен меѓу британската Влада и останатите 27 членки на Европската унија на самитот во четврток. Џонсон очекува успех и поддршка од Парламентот, откако неговиот претходник Тереза Меј тр пати не успеа да ги натера пратениците да го поддржат нејзиниот план.
Џонсон нема парламентарно мнозинство, но се надева дека на негова страна ќе придобие некои од опозициските пратеници од Лабуристичката партија.