Мицкоски - Власта мехерски ги надмина сите работи што ги плукаше кај претходната
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека власта на Зоран Заев паѓа затоа што Заев тргувал со Македонија, а за возврат не добил ништо. Паѓа, вели Мицкоски, затоа што криминалот е голем и извира од власта, затоа што нема правда, а, како што вели. нема ни мир. Мицкоски од Прилеп на одбележувањето на 23 октомври рече дека цехот од штетните политики на Заев ги плаќаат граѓаните. Тој вели дека сегашната власт само ги усовршила и махерски ги надминала сите работи што ги плукале и ги оцрнувале кај претходната власт.
Мицкоски вели дека тие се за евроинтеграции и не е точно дека се националисти, туку, како што вели, се родољуби. Додава дека не е точно ниту тврдењето дека ВМРО бегало од избори. Мицкоски вели дека на лидерската средба тој предложил од оваа недела да се формира техничка влада и да почне да ги бројат стоте дена, но дека Заев одбил. Според Мицкоски не е точно ниту тврдењето на Заев дека водел на анкетите.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека на изборите Заев ќе има лош резултат, а потоа ќе има соочување со одговорноста.