Вучиќ - Одлуката на ЕУ за Македонија е потврда за нашите врски со Русија и Кина
Одбивањето на ЕУ за почеток на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија и покрај нивните реформските напори, е потврда на српската политика за зајакнување на блиски врски со Кина и Русија, оценува српскиот претседател Александар Вучиќ. Мораме сами за себе да се грижиме, тоа е единствен начин, вели Вучиќ во интервју за „Фајненшал тајмс“.
Вучиќ исто така рече дека Балканот треба повеќе да стори за зајакнување на регионалната соработка, оти како што вели не може земјата да зависи од следната одлука на Европскиот совет или од тоа дали некоја влада ќе одлучи на овој или оној начин.