Жртвите најдени во камионот во Британија биле Кинези
Вчера во контејнер од камион беа пронајдени 39 тела. Полицијата соопшти дека осум од жртвите биле жени, а останатите мажи. За жртвата која се сметаше дека е тинејџерка, се утврдило дека е помлада жена.
Уапсен е возачот на камионот кој е од Северна Ирска. Тој е сослушан под сомнение за обид за убиство, но не е обвинет. Полицијата во Северна Ирска извршила претрес во три имоти обидувајќи се да го реконструираат патот на камионот и последното патување на жртвите.