Пад од 7 места според Дуинг бизнис
Во извештајот се наведува дека е олеснето склучувањето и спроведувањето на договорите и поедноставено е пресметувањето на давачките за спроведување, што го направило целиот процес поевтин. Се посочува и дека земјава ги промени одредбите за работна сила, правилата за технолошки вишок, повторно вработување и отпремнина.
Од Владата преку соопштение велат дека тоа што земјата е рангирана на 17-то место меѓу 190 држави во светот и натаму ја прави земјата лидер во регионот .
Истакнуваат дека во ранг листата за 2020 година, кај три индикатори има напредок. Тоа се добивање градежни дозволи, пристап до електрична енергија и спроведување договори, а кај останатите индикатори не се забележани промени при нивното мерење во праксата.