Несогласувањата за турската офанзива тема на состанокот на НАТО
Тој го поздравува тоа што значителното се намалени насилството и борбите, по минатонеделниот договор меѓу Турција и САД, но напомена дека е уште рано да се утврдат последиците од договорот меѓу Москва и Анкара.
Претходнo Москва и Анкара се согласија курдските сили да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот од Сирија, а за тоа имаат рок од 150 часа. А потоа Турција и Русија потоа ќе почнат да организираат заеднички патроли. По договорот американскиот претседател Доналд Трамп објави дека ги укинуваат санкциите наметнати на Турција поради нејзините операции против сириските курдски борци.
Пред разговорите во Брисел, Столтенберг рече дека неодамнешните случувања во Сирија ја потенцираат итната потреба за политичко решение.
Министрите на НАТО, исто така, треба да разговараат за обврските на Aлијансата во Авганистан и Украина и прилагодувањето кон хибридните закани. Овие разговори се основа за самитот на лидерите на НАТО во Лондон во декември.
И министерка за одбрана Радмила Шекеринска ќе учествува на состанокот во Брисел.