Исланд го ратификуваше Протоколот за членство на С.Македонија во НАТО
Вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска на Фејсбук напиша дека веста за 26-та ратификација на Протоколот за членство во НАТО од страна на Парламентот на Исланд ја добила во Брисел на состаноците на Севроатлантскиот совет.
„Членството во НАТО станува реалност“, напиша Шекеринска.