Фронтекс формира прва униформирана служба
Извршниот директор на Фронтекс Фарбис Легери изјави дека ова ќе доведе до „вистинска трансформација на агенцијата“ и дека за прв пат Фронтекс ќе има сопствена униформирана служба која ќе работи под знамето на ЕУ“, пишува АП.
Портпаролката на организацијата со седиште во Варшава Ева Монкур денеска изјави дека ЕУ работи на контрола на границите преку кои годишно преминуваат 500 милиони луѓе. Таа додаде дека агенцијата Фронтекс дополнително ќе биде зајакната со стражари кои ќе ги праќаат земјите членки на Унијата, но дека таа со својот постојан корпус ќе биде флексибилна и ефикасна.
ЕУ има повеќе од 12.000 километри копнена граница, 45.000 километри морски граниици и 600 меѓународни аеродроми.