Премиерот Зоран Заев на рочиштето за Таргет-Тврдина“ во својство на сведок рече дека првпат за прислушувањето дознал кога станал претседател на СДСМ во 2013 година. Според него, виновен е екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, но одговорност има и поранешниот премиер Никола Груевски кој не го спречил прислушувањето.