За ВМРО-ДПМНЕ можна е и предизборна коалиција
Мицкоски на прес-конференцијата посветена на економските политики на владата, рече дека властите не прават реформи, нема странски вложувања и капитални инвестиции. Тој најави дека нова влада, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ќе донесе економски бум и тоа ќе било почувствувано во првите 100 дена од нејзиното формирање.