Полицијата го бара Спасов, убиецот на Мартин Нешкоски, на неколку можни локации
Рокот му истекол минатиот петок, а наредбата до МВР од Судот пристигнала денеска, велат од МВР. Оттаму додаваат дека по него се трага на неколку можни локации.
Спасов е осуден на 14 години казна затвор за убиството на Мартин Нешковски, што се случи на прославата на победата на ВМРО-ДПМНЕ по парламентарните избори во 2011 година.
Дел од медиумите јавуваат дека ова не е првпат Спасов да добие затворски отпуст од здравствени причини. Претходно минатата година го прекинал издржувањето на затворската казна поради операција, по што потоа повторно добил одложување поради терапија.