Рамчиловиќ ја напушти Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ
Претеникот Зеќир Рамчиловиќ ја напуштил Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ. Тој на први месецов писмено го известил претседателот на Собранието, Талат Џафери дека во иднина ќе дејствува како независен пратеник.
Тој е предложен да биде нов потпретседател на Законодавниот дом од страна на пратеници од ДУИ и СДСМ. Рамчиловиќ на местото потпретседател на Собранието доаѓа по оставката на Весел Мемеди.
Рамчиловиќ беше дел од Независна пратеничка група од ВМРО – ДПМНЕ заедно со Елизабета Канческа - Милевска, Владанка Авировиќ, Емилија Александрова, Нола Исмајлоска Старова, Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов и гласаше за промена на уставното име на државата.