Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

Рот - Западен Балкан не е „заден двор“ на европската куќа

Германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот, во колумна со наслов „ Гигантска грешка“, објавена во „Die Welt“, пишува дека претседателот на ЕУ-Комисијата во заминувањеа Жан-Клод Јункер е потполно во право: „историска грешка“ е што државите на шефови и на влади на ЕУ на 18 октомври одбија да дадат зелено светло за предвиденото започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.


Тој пишува дека неуспехот да им се даде датум на Скопје и Тирана е поради потребната едногласност. Рот додава дека приоритетна цел на ЕУ мора да биде, да се направи сѐ на Западен Балкан за мир, помирување и демократија.


„Бидејќи регионот не е „заден двор“ на европската куќа. Тој е „внатрешниот“ двор! Стабилизација и поврзувањето на регионот е во непосреден европски и германски интерес. Ако ЕУ му сврти грб на Западен Балкан, таа полето го препушта на други актери како Русија, Кина или Турција“, стои во колумната.


Тој вели дека позитивна одлука од ЕУ би го испратила потребниот сигнал дека ЕУ е сериозна со нејзината одговорност за цела Европа и пристапната перспектива за Западен Балкан.


„Тоа што започнувањето на пристапните преговори на ЕУ со Албанија и Северна Македонија неодамна доживеа неуспех поради отпорот на поединци, е горчлив пораз. Но, сега би било погрешно, да замижеме пред реалноста. Напролет, 2020 година, темата треба повторно да се најде на агендата на шефовите на државите и на владите на ЕУ. Тогаш мора дефинитивно да дадеме до знаење дека се држиме до пристапната перспектива. Понатамошни одолговлекувања би биле неодговорни“, пишува Рот


Во меѓувреме, Северна Македонија и Албанија мора ангажирано да продолжат со своите реформски напори. Тоа е најдобриот сигнал до сите скептици, пишува Рот.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *