ССНМ: Згаснувањето на „Независен“ потрес за медиумскиот сектор
Згаснување на весникот „Независен“ е уште еден удар врз медиумските работници во земјава, но и врз целокупниот медиумски пазар на труд, реагираат од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници.
„По потврдата од менаџментот дека весникот „Независен“ утре нема да излезе,ССНМ со жалење констатира дека тоа значи останување без работа на повеќе од 20 новинари и медиумски работници, со што уште повеќе се продлабочува и онака лошата социјално-економска состојба на новинарите во Македонија“,е наведено во соопштението на ССНМ.
Во продолжение е наведено дека останувањето на новинари и медиумски работници без работа, значи потрес за медиумскиот сектор во земјава каде се зголемува понудата на работна сила, а се намалува побарувачката што за новинарите значи помала сигурност и поголем притисок.