Обвинителство ќе го истражува бегството на Игор Спасов
Ќе се истражувала целокупната медицинска документација за бегалецот Спасов, којшто една година бил на лекување, а не во затворот во Идризово, а ќе се проверува и постапката по која е донесено решението.
Меѓународната потерница по Спасов е распишана на 29 октомври годинава, откако истражните органи не го пронајдоа на територија на Штип и на целата држава. Тој требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври. Бегалецот Спасов казната затвор ја издржува од 2011 година.
Вчера министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски прстот за бегството на Спасов го впери во судството и обвинителството кои дале дозвола да му се прекине издржувањето казна затвор.