Повеќе казни за загадувачи, а дуплирани и редовните контроли
Тој рече и дека биле дуплирани и редовните контроли.
Во однос на лани, според него, профункционирале четири нови мерни инструменти, завршен е тендерот за калибрација на преостанатите пет инструменти во Гостивар, Кичево, скопско Лисиче и Велес, а деновиве ќе бидат инсталирани и преостанатите мерни инструменти. Тој додаде дека во една мерна станица има пет, шест или седум мерни инструменти во зависност од тоа што мерат.
Заменик министерот Макрадули рече дека она што се покажало како слабост е префрлањето на одговорноста и затоа Владата одлучила да направи координирана акција на сите инспектори, кои можат да реагираат на терен во заеднички акции заедно со помош на Министерството за внатрешни работи.