Падна молдавската Влада по спорната постапка за избор на обвинител
Падна Владата на Молдавија, предводена од премиерката Маја Санду, откако во Парламентот и беше изгласана недоверба. За недоверба на Владата гласаа вкупно 63 од 101 законодавец. Предлогот за гласање недоверба уследи откако владиниот кабинет ја смени постапката за именување на јавен обвинител, односно промените предвидуваа премиерот да номинира кандидати за таа позиција.
Потоа премиерката Маја Санду предложи Венецијанската комисија да ги преиспита амандманите, откако тие стапија на сила, но Социјалистите го отфрлија компромис и иницира гласање за недоверба.