Парламентот на Република Српска промовираше можност за самоопределување
Парламентот на Република Српска ги отфрли бонските овластувања и промовираше право на самоопределување на ентитетот.
Народното Собрани на Република денеска усвои заклучок со кој се отфрлаат „бонските овластувања“ на високиот претставник и најавија дека Парламентот ќе покрене иницијатива за укинување на Канцеларијата на високиот претставник.
Во заклучоците на Парламентот, „бонските овластувања се отфрлаат како потполно неуставни, незаконски и нелегитимни, со оглед на тоа што нивната примена претставува флагрантно повреда на уставниот поредок на БиХ и кршење на основите човекови права, како и на меѓународните инструменти за нивна заштита. Станува збор за пакет од околу 20 заклучоци, за кое се гласаше по 15 часовна дискусија во собранието. Заклучоците беа предложени од владејачкото мнозинство, предводено од Унијата на независни социјалдемократи (СНСД), предводено од Милорад Додик, српскиот член на трипартитното претседателство на Босна.
Бонските овластувања му даваат на Високиот претставник за Босна и Херцеговина, чија канцеларија е основана во 1995 година по потпишувањето на мировниот договор во Дејтон, овластување да ги разреши политичарите, да спроведува закони и да стави вето на други.
Високиот претставник, во моментов австрискиот дипломат Валентин Инцко, го надгледува цивилното спроведување на договорот за Дејтон.
Во заклучоците се промовира и право на Република Српска на самоопределување, што, како што е наведено, подразбира во рамките на Дејтонскиот договор зачувување на дејтонските структури и широка автономија на ентитетот. Има и заклучок со кој се најавува можност за нов устав на РС, за кој треба да се изјаснат и граѓаните на референдум.