Клинтон со критика до Британија за извештајот за руско влијание
Хилари Клинтон одлуката на британските власти да не го објават парламентарниот извештај за руското влијание во политиката на земјата ја нарече „необјаснива и срамна“. Клинтон која беше кандидат на претседателските избори во САД во 2016 година порача дека јавноста мора да ги знае наодите на пред граѓаните да излезат на гласање на изборите закажани за 12 декември. Според неа, нема сомнеж оти Русија е решена да се обиде да ја оформи политиката во западните демократии, не во нивна, туку во нејзина корист.
И покрај тоа што тајната служба дозволи извештајот да се објави британскиот премиер Борис Џонсон одби да го сподели со јавноста. Британските власти соопштија дека им е потребно време за да го разгледаат извештајот и неговите безбедносни импликации пред тој да биде објавен.