Шпанските социјалисти и Подемос постигаа договор за коалиција
Шпанската владејачка социјалистичка партија на Педро Санчез и левичарската Унидас Подемос (Обединети можеме) на Пабло Иглезијас, постигнаа првичен договор за коалиција. Тие ќе настојуваат да формираат влада откако двапати годинава беа организирани избори.
И по вторите избори одржани во неделата, шпанскиот парламент остана поделен и тоа повеќе во споредба по оние одржани во април.
Социјалистите освоија 120 , а Подемос 35 пратенички мандати од 350 места во Долниот дом на шпанскиот Парламент.
Но и покрај договорот за коалицирање, Социјалистите и Унидас Подемос нема да може да формираат мнозинска влада, и ќе мора да бараат други сојузници.