Европол - Пресечен синџир на криумчарење со мигранти
Европол денеска соопшти дека во Романија уапсиле четворица осомничени припадници на организирана група која шверцувала мигранти во Европа. Тие прошверцувале 580 мигранти кои доаѓале надвор од Европа преку градот Темишвар, а потоа ги носеле на запад. Агенцијата на ЕУ заспроведување на законотсоопшти дека денешното апсење е резултат на двегодишна истрага ширум континентот. Тие го истражувале огромниот синџир нашверц на мигранти во западна Европа.
Европол соопшти дека истрагата била лансирана од германската полиција минатата година и во неа учествувале и власти во Австрија, Грција, Чешка, Унгарија и Велика Британија.
Агенцијата соопшти дека бандата била составена од најмалку 36 лица кои заработиле повеќе од 2 милиони евра (2,2 милиони долари).