МАСИТ - Треба да видиме каков данок ни е потребен, оти третина територија е вон даночна контрола
Прво треба да се изброиме и да видиме колку даноци навистина државата може и треба да собира, а потоа да се навратиме на ова прашање и да видиме, дали ни е потребен дополнителен данок на прогресивен или друг начин, изјави денеска Илија Господинов, заменик-претседател на компанијата „Ендава“ и член на Управниот одбор на Стопанската комора за информатички и комјутерски технологии (МАСИТ). Тој вели дека рамниот данок моментно е подобар за економски раст.
„Се уште имаме слон во просторијата – третина територија од земјава е релативно вон даночна контрола. Се плаќаат многу малку даноци, изјави денеска Господинов, одговорајќи на новинарски прашања по работилницата „Како да се зголемат инвестициите во земјата со цел да се стимулира одржлив економски раст”.
Господинов вели дека прогресивното оданочување воопшто не го даде очекуваниот ефект. Не резултираше со плаќање поголем данок од страна на вработените кои добиваат поголеми плати, туку со плаќање на разликата од страна на фирмите.
Според Господинов, за раст, особено во индустриите што се модерни, високо платени и кои може да помогнат младите да не си одат од земјава, приоритет треба да имаат образованието и регулаторните рамки.