Британија нема да именува свој комесар за Европската комисија
Одлуката на Велика Британија да не именува свој кандидат за комесар, може да предизвика одложување на формирањето на новиот состав на Европската комисија.
Од ЕУ денеска потврдија дека британските власти рекле дека нема да предложат свој кандидат за комесар и покрај обврската да го сторат тоа.
Комисијата сега ги истражува правните опции со кои ќе му се овозможи на тимот на Урсула Фон дер Лејен да започне со работа на 1 декември. Новата комисија првично требаше да ја преземе должноста на 1 ноември, но европските пратеници отфрлија тројца кандидати, што го одложи процесот.