Владата го осуди нападот на новинарите
Владата најостро го осудува нападот врз новинарите што минатата ноќ се случил во Скопје, пишува во владиното соопштение. За Владата овие инциденти се неприфатливи и недозволиви.
Секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, треба да биде најостро осуден и санкциониран, пишува во соопштението.
Како што соопшти МВР, новинарите Љупчо Цветановски и Дејан Андоновиќ ноќеска биле нападнати од група лица на возраст од околу 20 години.
Полицијата работи на расчистување на настанот.