Помпео и Ла Дриан разговарале за пристапувањето на Македонија во ЕУ
Американскиот државен секретар Мајк Помпео вчера се сретнал со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан на маргините на министерскиот состанок на Коалицијата за пораз на ИСИС во Вашингтон. Освен за напорите за траен пораз на ИСИС, тие разговарале за важноста на НАТО и на трансатлантската соработка.
„Секретарот Помпео и министерот за надворешни работи Ле Дриан разменија мислења за важноста од пристапувањето во ЕУ на Северна Македонија и Албанија, за поддршката за Украина и за одговорноста на Иран за неговите тековни провокации“, се наведува во соопштението од Стејт департментот.