Уапсен еден од најбараните хрватски бегалци
Хрватските власти соопштија дека е уапсен еден од најбараните хрватски бегалци Бојан Драгичевиќ. Тој бил уапсен во четвртокот во Нови Сад, соопшти денеска хрватското МВР. Акцијата била спроведена со соработка со единица од Србија и Полициската управа на Нови Сад.
Драгичевиќ во 2005 година, за помалку од еден месец, со група соработници двапати ограбил иста банка во Шибеник со помош на пластичен пиштол. По двете разбојништва успеал да побегне и се криел до 2012 година, кога поседум години бегство бил уапсен во Босна и Херцеговина и екстрадиран во Хрватска.
Судот го осуди на затворска казна од четири години и два месеца. По година и пол успеал да побегне од најстрого чуваниот дел на затворот, но истиот ден бил пронајден и вратен на издржување на казната. Во април 2014 година преместене во затворот во Пула, од каде по само четири месеци побегнал. Оттогаш беше во бегство.
Овој бегалец се наоѓа на Европската листа на најбарани од 2016 година.