Тројца пакистански војници загинаа во експлозија
Бомбата била детонирана кога поминувало возило на паравоениот „Граничен корпус“.
Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Балучистан е жариште на конфликт со низок интензитет, а вооружените групи бараат поголема автономија и поголем удел во распределбата на добивката од природните ресурси. Во подрачјето се присутни и исламистички екстремисти.