Ајатолахот Али Хаменеи ја поддржа одлуката за поскапување на горивата во Иран
Врховниот ирански лидер, ајатолахот Али Хаменеи денеска ја поддржа одлуката за зголемување на цените на горивата, која предизвика протести во неколку градови ширум Иран. Тој за државната телевизија рече дека не е стручен и дека постојат различни мислења, но дека ја поддржува одлуката на шефот на државата, претседателот на парламентот и шефот на судската власт.
Иранската влада во петокот објави поскапување на горивата од најмалку 50 отсто. Горивото досега чинеше 10 илјади ријали, односно помалку од 8 евроценти.