Тимоние - За новата методологија на проширување очекуваме реакции прво од ЕУ, а потоа и од македонска страна
Тој најави дека денеска ќе се сретне со вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, кого, како што, рече ќе го сослуша во врска со неговите размислувања за францускиот документ, а најави и средби со други претставници на властите во земјата.
Сепак, посочи Тимоние најважно од сè е почитувањето и функционирањето во пракса на правната држава и додаде дека тоа е работа за која се согласуваат сите.