Саморуков - Западен Балкан не е приоритет за Русија
Тој вели дека геополитичкото лимбо во кое се наоѓа Западен Балкан е идеално за Русија. Тоа не значи ни целосна стабилизација, ниту потполна дестабилизација, туку нешто измеѓу. Русија не посакува замрзнатите конфликти на Балканот да се решат бидејќи тие го држат Западен Балкан подалеку од НАТО и Европската унија. Но, Русија не сака ни конфликтите да станат активни, бидејќи и таа има своја црвена линија, изјави Саморуков.