Добавить новость
World News in Macedonian
Новости сегодня

Новости от TheMoneytizer

ММФ препорачува да се остане на патот на реформите

Тимот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кој престојуваше во Македонија заради спроведување на редовниот годишен преглед на македонската економија порачува дека е важно да се остане на патот на реформите, со цел дополнително да се подобри отпорноста на нашата економија на шокови и трајно да се зголеми нивото на приходите.



„Во овој контекст плановите за модифицирање на елементи од неодамнешните фискални реформи би можеле да поткопаат некои од придобивките кои веќе биле остварени. Одејќи напред, зголемувањето на поголемата еднаквост на приходите и подобрувањето на животниот стандард ќе бара микс од фискална политика што е насочена кон раст и непоколеблива посветеност кон амбициозната агенда за структурни реформи“, се наведува во заклучокот на Мисијата на ММФ.



Од ММФ посочуваат дека иако во последниве две децении растот беше солиден, тој не беше доволен за да може значително да го стесни големиот јаз во доходот помеѓу ЕУ и Северна Македонија. Порачуваат дека за да се забрза изедначувањето на приходите, од суштинска важност е да се продолжи со реформите за подобрување на јавната администрација, владеењето на правото и контролата врз корупцијата.



Во однос на зголемувањето на минималната плата оценуваат дека тоа можеби нема да биде ефективно во намалувањето на сиромаштијата, особено доколку тоа делува кон намалување на формалното вработување. Мисијата на ММФ препорачува да се зачува конкурентноста преку тесно усогласување на минималната плата со продуктивноста, притоа осигурувајќи целосно спроведување.



Се препорачува пренасочување на јавното трошење кон инвестициите, што би требало да биде поткрепено со мерки за зајакнување на рамката за управување со јавните инвестиции, вклучително и подобро дефинирање на приоритетите и справување со тесните грла при извршувањето на планираните проекти.


Оценуваат дека монетарната политика е соодветна, а банкарскиот систем е здрав. Според тимот на ММФ, во иднина, доколку дојде до влошување на надворешното окружување, Народната банка треба да биде подготвена да ја заостри монетарната политика.



Во Заклучокот на тимот на ММФ, како што наведуваат во соопштението, се истакнува дека дополнителното зајакнување на рамката за финансиска стабилност и натаму е приоритет. Истовремено е изнесена позитивна оцена за продолжувањето на активностите за зајакнување на супервизорската и регулаторната рамка.

Читайте на сайте


Smi24.net — ежеминутные новости с ежедневным архивом. Только у нас — все главные новости дня без политической цензуры. Абсолютно все точки зрения, трезвая аналитика, цивилизованные споры и обсуждения без взаимных обвинений и оскорблений. Помните, что не у всех точка зрения совпадает с Вашей. Уважайте мнение других, даже если Вы отстаиваете свой взгляд и свою позицию. Мы не навязываем Вам своё видение, мы даём Вам срез событий дня без цензуры и без купюр. Новости, какие они есть —онлайн с поминутным архивом по всем городам и регионам России, Украины, Белоруссии и Абхазии. Smi24.net — живые новости в живом эфире! Быстрый поиск от Smi24.net — это не только возможность первым узнать, но и преимущество сообщить срочные новости мгновенно на любом языке мира и быть услышанным тут же. В любую минуту Вы можете добавить свою новость - здесь.




Новости от наших партнёров в Вашем городе

Ria.city
Музыкальные новости
Новости России
Экология в России и мире
Спорт в России и мире
Moscow.media






Топ новостей на этот час

Rss.plus





СМИ24.net — правдивые новости, непрерывно 24/7 на русском языке с ежеминутным обновлением *